https://www.flickr.com/photos/146588530@N02/32696367915/in/photolist-RPgr4i-7iUN2D-aicSck-2krcUEN-AmpkWL-enLsJz-M4bbP7-Gk3o9d-LnGyUW-4Qq7SU-R4aUWQ-YgJBPE-2nzAtgF-2bGNNfo-2k46Ein-2m4M4zx-JiAkAe-Rw53B8-2j9VEv2-H3zabG-uRp1ou-2kYmCKC-fyFcmd-2jbgVy1-Lcw3dG-nTRRP-3Y6Jaa-2g6H6xD-SofwSC-dJSk7c-6awR1V-Jm8rt-24bWLx4-nbBr9W-VKd2yF-RUWKEE-Lgz2VZ-4ZvZ87-KpyNYv-2mFVFfB-7Ts71b-Ft2FYE-eCUCAm-WTjUJ3-rtkxNZ-PyMx5A-sJuHbn-27Dw1aX-2gCLKTa-pYhCF7

06.01.2023 Скопје

Дали знаете што е најважно за кожата да ја задржи својата еластичност и свежина и во подоцнежните години? Водата! Се додека е хидрирана, ризикот од брчки се намалува, истакнуваат експертите.

Пиењето доволно вода е исто така поврзано со значително помал ризик од развој на хронични болести, рано умирање или од тоа да изгледате помладо од вашата хронолошка возраст, според студија која е направена од Националниот институт за здравје, објавена во списанието eBioMedicine.

Истражувањата докажале дека ако пиете многу вода, повеќе од успешно ќе го забавите стареењето. Луѓето што пијат повеќе вода се поздрави, ризикот од развој на хронични болести е драстично помал, а и нивниот животен век е подолг, покажало новото истражување.

Користејќи податоци собрани од 11.255 возрасни лица во период од 30 години, истражувачите го анализирале односот помеѓу нивоата на натриум во крвта, кој се зголемува со намалениот внес на течности, и поради разни здравствени проблеми.

Се покажало дека кај луѓето кај кои нивото на натриум во крвта е над нормалата, постои поголема тенденција да развијат хронични болести, а забележани се и повеќе биолошки знаци на стареење. Луѓето кај кои овој минерал бил над дозволената граница исто така биле изложени на поголем ризик од смрт на помлада возраст.

Подготвено од М.Н.

About Author