https://www.flickr.com/photos/153352659@N03/51997540215/in/photolist-2ndQZ94-2n8Bd1e-2nk6Gzq-2nkb1xS-2nhdVdq-2njrKpg-2nnYcrt-2nmXAYe-2nbQq21-2naqnZ2-2nanJMo-2nasMs5-2nbpfpF-2niShyZ-a84jQ2-2nbpdms-2nbgGeM-2ndstsX-2nm9mtg-2ntqmTJ-2nhk952-2nLoiWj-2nd69BD-Aawv12-2njTAec-2nd8zux-2izLcd2-yCehE8-2ntz2xz-i1ZVG5-2ns3nVf-2nCCmX3-2nvy95d-2npsYeB-2nHqcSo-2nqKkUn-2ntwy2c-2n83U5o-2m1UqQ1-AYkJ33-2nbrt8f-HMSVXZ-2n8YY4z-a84kqR-bzsTYt-bmy2oN-2jCenbd-2ndaCCP-RoMM12-2ndavti

11.01.2023 Скопје

Москва смета дека нема изгледи за мировни преговори со Украина се додека дијалогот со Русија е забранет со украинскиот закон или додека Западот не дозволи Киев да биде флексибилен во овој поглед, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

Песков нагласи дека Русија е секогаш подготвена да ги решава проблемите преку дијалог, потсетувајќи дека тоа во неколку наврати го кажал и рускиот претседател Владимир Путин, а во неколку наврати тоа го има изјавено и турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу.

„Претпочитаме да ги исполниме нашите цели на мирен и дипломатски начин“, истакна Песков и потврди дека не се можни разговори се додека преговорите со Русија се забранети со закон во Украина.

Подготвено од М.Н.

About Author