27.01.2023 Скопје
Советниците на партиите на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ гласаа воздржано по предлогот на градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, за задолжување за набавка на еколошки автобуси.
На денешната седница советниците од двете најголеми партии има идентичен став да не го поддржат предлогот за земање заем од 10 милиони евра со кој Арсовска предлага да се набават од 35 до 50 нови еколошки автобуси за ЈСП.
Арсовска ги повика советниците да го поддржат предлогот за набавка на автобусите бидејќи тој предлог бил дел од изборната програма за која гласале граѓаните на Скопје.
Советниците на ВМРО-ДПМНЕ воопшто не дискутираа за оваа точка, додека пак од СДСМ потсетија дека постои проект на Бас рапид транзит и потенцираа дека во предлогот нема никакви детали за набаката.
Подготвено од М.Н.