https://www.facebook.com/photo?fbid=740285287452795&set=pcb.740290470785610

16.01.2023 Скопје

Денеска, министерот за надворешни работи Бујар Османи е во својата прва посета на Украина во улога на претседавач со ОБСЕ, утринава по пристигнувањето во земјата се упати во градот Бородјанка во Киевската област, кој е силно погоден од воените дејствија.

Министерот Бујар Османи во улога на претседавач со ОБСЕ за време на посетата на Украина порача дека е потребна итна акција за да се стави крај на ова безумие и да се обезбеди помоп за оние на кои им е потребна, додавајќи „мораме да работиме да престане страдањето, а потоа да ги обновиме овие уништени области“.

Османи, движејќи се меѓу урнатините и уништените станбени згради, од украинскиот град повторно ја осуди руската инвазија на Украина, додавајќи дека не постои оправдување за континуираниот напад на училишта, болници и цивилни цели, поради кои страдаат невини жртви, а илјадници Украинци мораа да ги напуштат своите домови.

Исто така, министерот Османи додаде дека претседавањето на Република Северна Македонија со ОБСЕ ќе ги искористи сите механизми и алатки за да помогне во напорите да се стави крај на ова страдање и уништување.

За време на посетата на Бородјанка, Османи уште еднаш нагласи дека Република Северна Македонија како земја претседавач со ОБСЕ ќе се залага да најде начин повторно да ја врати Организацијата во Украина, а како што додаде, комуникацијата со Русија ќе зависи од тоа како ќе се постави во однос принципите и заложбите на Организацијата, за што тој како претседавач на ОБСЕ нема да дозволи никакви компромиси.

Украина е првата дестинација што Османи најави дека ќе ја посети како претседавач на ОБСЕ откако минатата недела во Виена ги презентира приоритетите на нашето претседавање со Организацијата.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author