04.01.2023 Скопје
Министерот за надворешни работи Бујар Османи порача дека не треба да се губи многу време за комплетирање на уставните измени и државата не смее да си дозволи да го дочекаме ноември без тие измени, најавувајќи широка дебата за ова прашање.
Според Османи, сите досегашни консултации во однос на измените биле неформални и токму затоа ги нарекол „консултации низ ходници“, па време е да се почне со формален сет консултации низ јавни дебати.
Исто така, Османи смета дека е важно да се направи разграничување меѓу суштината на проблемот, а тоа е дали уставните измени се проблематични и партиско-политички интерес околу уставните измени. Воедно, тој смета дека засега се измешани и не може да прави разграничување каде е интересот на државата, а каде е партискиот интерес и тоа ги буни луѓето.
Подготвено од А.Ѓ.