https://www.facebook.com/photo/?fbid=707806824305943&set=pcb.707806040972688

06.01.2023 Скопје

Во текот на вчерашниот ден, градоначалникот Орце Ѓорѓиевски заедно со пратеничката Бети Стаменкоска-Трајкоска, советници од Советот на Општина Кисела Вода и општествено одговорни компании, посетија 50-тина социјално загрозени семејства во Кисела Вода. Со хуманитарни пакети им ги честитаа празничните денови, порачувајќи им дека не се сами и дека имаат поддршка на која можат секогаш да сметаат.

Градоначалникот Ѓорѓиевски истакна дека ова се денови на радоста, љубовта и надежта, денови на сплотеност помеѓу луѓето и како такви, секој заслужува да ги помине како што доликува, потенцирајќи дека ова се денови кога треба да покажеме дека сите сме луѓе помеѓу луѓето. Воедно, во својата фејсбук објава напиша „можеби не можеме да направиме големи работи кои ќе го променат светот, но можеме да го промениме секојдневието на подобро на оние на кои најмногу им треба тоа. Оние, кои кај мене секогаш ќе ја имаат безрезервната поддршка, секогаш и секаде и во секој ден од годината!“.

Во објавата на Ѓорѓиевски стои и дека за него не постои ништо поголемо од секоја стисната рака од нив, секоја искрена прегратка од тие мали душички и секој разменет збор. Исто така, напиша „да се прават добри дела е највисок чин за еден човек, да се изнудат искрени насмевки е најголема награда“.

За крај, градоначалникот на Општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски, на граѓаните им ги честита Божиќните празници.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *