blokatori za parkiranje

16.01.2023 Скопје

Од Општина Центар информираат дека Секторот за инспекциски работи на Општина Центар во наредниот период започнува со засилени контролни активности за ослободување на јавните површини кои се под надлежност на општината.

Во деновите што следат, инспекторите ќе вршат надзори и ќе ги санкционираат сите правни и физички лица кои имаат поставено блокатори за паркинзи на улиците, тротоарите или другите јавни површини.

Општина Центар упатува апел до сите граѓани и правни лица кои без потребна документација имаат поставено блокатори на јавни површини во најкраток можен рок самите да ги отстранат. Во спротивно, блокаторите ќе бидат отстранети од страна на општинските служби, а на одговорните ќе им бидат изречени глоби и санкции согласно Законот за јавна чистота.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author