solarna bura

04.01.2023 Скопје

Научниците од НАСА и Европската вселенска агенција предупредија на опасност од голема соларна бура која ќе предизвика хаос на Земјата до крајот на неделата на радио и ГПС уредите.

Очекуваната соларна бура, како што велат научниците, била предизвикана од силна експлозија на Сонцето што се случила вчера.

До крајот на неделата очекуваат аурорални светлосни емисии во средна географска широчина.

Соларната и хелиосферската опсерваторија на Европската вселенска агенција (СОХО) регистрираше многу светло и брзо коронално исфрлање на маса што се шири од југоисточниот крај на Сонцето.

Покрај тоа, опсерваторијата за соларна динамика на НАСА откри ударни бранови од експлозијата околу двата пола на Сонцето.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author