lansirani albanija 1 albanija 2

04.01.2023 Скопје

Од вселенскиот центар Кенеди во Флорида, во вселената лансирана е ракетата Фалкон 9 со сателитите „Албанија 1“ и „Албанија 2“. Двата сателита ќе ја набљудуваат Албанија на дистанца од 150 километри.

Албанската национална агенција за цивилна заштита и операторот „Satellogic USA Inc“, во владата во Тирана, на 16 октомври минатата година потпишаа договор за сателитска услуга, во областа на одбраната и безбедноста за следење со напредна технологија на територијата на Република Албанија.

Договорот е во вредност од шест милиони долари и предвидува ексклузивна употреба на двата сателита за период од три години.

Албанија има ексклузивно право на користење, за обработка на геопросторни информации (ГИС), како и за обезбедување производи за сликање и други негови компоненти, на голем број институции и субјекти, јавни или приватни, чија работа е поврзана со територијата, води, шуми, пожари, урбан отпад, земјоделско производство, урбан развој, имотни листови.

Подготвено од М.Н.

About Author