27.01.2023 Скопје

Претседателот на МААЕ, Рафаел Гроси, изјави дека вчера Агенцијата забележала силни експлозии во близина на најголемата нуклеарна централа во светот „Запорожје“ и веднаш повика на формирање таканаречена „безбедна зона“ околу електраната.

Руските сили вчера извршија масовен ракетен напад врз Украина, при што беа истрелани повеќе од 50 проектили кон цели низ земјата.

Овој руски напад дојде еден ден откако САД и Германија најавија испорака на напредни тенкови „Леопард 2“ и „Абрамс“ во Украина.

Кремљ соопшти дека најавата за испраќање западни тенкови во Украина е „доказ за директното учество“ на САД и Европа во војната, но и САД и ЕУ негираат директна вмешаност во војната.

Подготвено од М.Н.

About Author

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *