02.01.2023 Скопје
Тотнем веќе долго време се мачи за опстанокот во горниот дел на табелата, а новата година ја стартуваше на најлош можен начин, со пораз на свој терен од Астон Вила со резултат од 2-0.
Тимот на Антонио Конте полека паѓа на табелата, а по поразот доживеа голем удар откако на свој терен загуби од Астон Вила.
Резултатот беше отворен по пет минути игра во второто полувреме кога Вуендиа даде гол за водство на Астон Вила од 1-0.
Во 73-тата минута конечните 2-0 за Астон Вила ги постави Даглас Луис.
Подготвено од М.Н.