28.01.2023 Скопје
Новак Ѓоковиќ ќе го игра своето десетто финале во кариерата на Австралијан Опен, откако експресно го реши Томи Пол во полуфиналната фаза. Американецот не беше вистинска опасност за Србинот, кој без загубен сет стигна до меч за трофејот.
Покрај тоа, Ѓоковиќ ја запиша својата 27. последователна победа на Австралија Опен. Со тоа, тој успеа да го надмине рекордот на Андре Агаси, кој победуваше во Мелбурн од 2000 до 2004 година. Србинот игра неверојатно на овој турнир, апсолутен рекордер е и може да ја продлабочи легендата.
Финалниот меч се игра в недела во 9:30 часот, а Стефанос Циципас има неверојатно тешка задача во обидот да му нанесе прв пораз на Ноле во финалињата во Мелбурн.
Подготвено од А.Ѓ.