07.01.2023 Скопје
Ноќва понуди богата програма во НБА лигата, без преголеми изненадувања, со нов „трипл-дабл“ ефект на Никола Јокиќ и четврта победа во низа за Лејкерси, нешто што не беше својствено за нив оваа сезона.
Српскиот центар го поведе тимот до ново славје, па во „Бол Арена“ домаќинот во Денвер славеше против Кливленд со 121-108. Средбата понуди неизвесност во првиот дел, меѓутоа потоа во продолжението тимот од Колорадо си направи двоцифрена предност која успешно ја бранеше. Никола Јокиќ блескаше со троен ефект (28 поени, 15 скока, 10 асистенции), додека Леверт кај Кливленд се истакна со 22 поени.
Интересен момент беше забележан по натпреварот кога новинарката му го честиташе Божиќ, а Јокиќ ја искористи можноста да испрати честитка на српски јазик.
Ќе потсетиме, претходно на католичкиот Божиќ кога новинар му го честиташе Божиќ, Јокиќ го честиташе празникот, но додаде и дека тоа не е негов Божиќ.
Подготвено од А.Ѓ.