https://www.facebook.com/OpstinaAerodrom/photos/a.385323608168415/5649088455125211

20.01.2023 Скопје

Градоначалникот Тимчо Муцунски најави дека Општина Аеродром ќе добие нови паркинг простори.

Пред неколку дена во населбата Стар Аеродром беше пуштен во употреба нов паркинг на простор од околу 1500 квадратни метри со капацитет од 60 паркинг места.

Муцунски информира дека активно се работи за почеток на изградба на паркинзи на уште две други локации со вкупен капацитет од над 160 паркинг места, првиот во близина на „Мајчин дом“, а вториот во населбата Мичурин.

Исто така, Муцунски порача „настојуваме во нашата работа да ставиме акцент на најважните предизвици со кои се сооочуваат граѓаните, водејќи сметка за развојот на секое населено место. Во буџетот за оваа година предвидени се голем број инвестиции со кои Аеродром и понатаму ќе биде најубаво место за живеење“.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *