28.01.2023 Скопје
Клиентите нa НЛБ Банка добија непријатно известување дека ќе им се зголемат каматите. Станува збор за дел од кредитните продукти на банката.
Во своето соопштението НЛБ Банка ги известува своите клиенти дека заради зголемувањето на стапката на благајничките записи, НЛБ Банка од 01.01.2023 година ја зголеми каматната стапка за кредитни картички, дозволено за пречекорување на трансакциска смета и инстант кредити за 2,75 процентни поени.
Подготвено од А.Ѓ.