20.01.2023 Скопје
Бразилското претседателство соопшти дека претседателот Луис Инасио Лула да Силва ќе се сретне со неговиот американски колега Џо Бајден на 10 февруари во Вашингтон.
Лула Да Силва ќе престојува во посета на САД од 9 до 11 февруари, соопшти бразилското претседателство.
Претседателот Лула да Силва откако ја презема функцијата на 1 јануари, ја соопшти својата желба повторно да се поврзе со многу земји со кои неговиот екстремно десничарски претходник Жаир Болсонаро имаше затегнати односи, особено со САД.
Подготвено од М.Н.