12.01.2023 Скопје
Според World Happiness Report, петта година по ред најсреќна земја во светот е Финска, каде почитта е на завидно ниво.
За минатогодишниот извештај, на луѓе од 156 земји им било побарано да го оценат својот сегашен живот на скала од нула до десет. Во предвид биле земени и факторите кои придонесуваат за социјалната поддршка, очекуваниот животен век, дарежливоста и отсуството на корупција.
Финскиот филозоф и психолог Френк Мартела од Универзитетот во Алто истакна дека за да се одржи висок квалитет на живот, постојат три работи што Финците никогаш не ги прават.
Позната е реченицата на еден фински поет, која грубо преведена значи – не се споредувај со другите и не се фали со својата среќа. Финците се држат до тоа, особено кога се работи за материјални работи и отворено прикажување на богатството.
Фокусирајте се на она што ве прави среќни, а помалку на тоа да изгледате успешно. Мартела порачува дека првиот чекор до вистинска среќа е поставување на сопствени стандарди, наместо да се споредувате со другите.
Според истражувањето од 2021 година, 87 отсто од Финците веруваат дека природата им е исклучително важна бидејќи им обезбедува мир на умот, енергија и релаксација. Во Финска, вработените имаат право на четиринеделен летен одмор. Многу Финци потоа одат на село и живеат во природа, со што е можно помалку удобности, дури и до тој степен што немаат ниту струја ниту вода.
Финските градови се полни со паркови, па луѓето имаат пристап до природата блиску до местото каде што живеат. Поминувањето време во природа ја зголемува виталноста и благосостојбата. Најдете начин да внесете зеленило во вашиот живот, дури и ако тоа се само растенија во саксии, вели Мартела.
Истражувањата покажуваат дека колку е повисоко нивото на доверба во една земја, толку посреќни се нејзините граѓани. Експериментот „Изгубен паричник“ во 2022 година ја тестирал чесноста на граѓаните со фрлање 192 паричници во 16 светски градови.
Во Хелсинки од 12 паричници, 11 им биле вратени на сопствениците.
Подготвено од А.Ѓ.