https://www.facebook.com/photo?fbid=725024119425082&set=pb.100057525006204.-2207520000.

20.01.2023 Скопје

Лидерот во англиската Премиер лига, тимот на Арсенал го реализира трансферот на напаѓачот на Брајтон, Белгиецот Леандро Тросар. Вкупната сума на трансферот би требало да изнесува околу 27 милиони фунти.

Веста за овој трансфер најпрво ја објави популарниот Фабрицио Романо.

Тросар е најдобар стрелец оваа сезона на Брајтон со 7 погодоци, но по Светското првенство во Катар, каде учествуваше со белгиската репрезентација, тој наводно ги расипал односите со тренерот Де Зерби, па на последниве неколку натпревари не беше во тимот на Брајтон.

Договорот на Тросар треба да истече летово, па тимот на Арсенал ја искористи оваа прилика за поевтини пари да го донесе 28-годишниот напаѓач.

Во трката за потпис на Леандро Тросар биле уште неколку клубови, но тој лично го избрал лидерот на табелата.

Подготвено од М.Н.

About Author

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *