https://www.facebook.com/photo.php?fbid=521331596697740&set=pb.100064627122110.-2207520000.&type=3

03.01.2022 Скопје

„Италијанската девојка” од Лусинда Рајли е најбараната книга за 2022 година, соопштија од издавачката куќа „Матица”. По неа следува трилерот „Последниот преживеан” од Тес Геритсен. На трето место е „Клетва” од Јелена Бачиќ Алимпиќ, најпознатата српска авторка и новинарка.

Потоа доаѓа „Флертот низ призмата на стручњакот” од Андреј Курпатов, најпознатиот руски психолог, кој ги разоткрива тајните на личниот и на професионалниот успех. На петтата позиција е „Море на загубената љубов” од Санта Монтефjоре.

Од „Матица“ велат дека возраста на читателите се движи од 10 до 80 години. Најмногу се преферира да се чита трилери, додека децата преферираат да читаат нешто што е мистерија, со волшепства, со авантури.

Кај тинејџерите популарни се доживувањата на Нарнија, „Сребрениот стол”, „Коњот и неговото момче”, како и „Господарот на прстените”.

Македонците сакаат да читаат на други јазици, но неретко и странци доаѓале да се подноват со книга на македонски јазик, истакнаа од „Матица“.

Подготвено од М.Н.

About Author