https://www.facebook.com/photo.php?fbid=3280159468901073&set=pb.100007211555008.-2207520000.&type=3

31.01.2023 Скопје

Руската компанија „Форес“ објави дека ќе плати 72.000 долари во готово на војниците кои први ќе ги уништат или заробат тенковите од западно производство во Украина.

Компанија од Урал, која работи во енергетската индустрија, исто така, најави дека ќе плати награда од 215.000 долари за уништениот борбен авион од западно производство, доколку тие некогаш бидат испорачани во Киев.

САД, Германија и неколку други европски земји се подготвуваат да испратат десетици напредни борбени тенкови во Киев во следните неколку месеци за да помогнат во зајакнувањето на воениот капацитет на Украина, а портпаролот на Кремљ ја критикуваше одлуката како опасна ескалација и изјави дека тенковите „ќе изгорат “ на фронтот.

Подготвено од М.Н.

About Author