18.01.2023 Скопје
Во второто коло на Австралија Опен, бранителот на титулата, Рафаел Надал, се соочи со пораз.
Шпанскиот тенисер, кој е моментално втор во светот, беше елиминиран од 65. играч на планетата, Американецот Мекензи Мекдоналд.
Во меч кој траеше нешто помалку од два и пол часа, американскиот тенисер победи во три сета 6:4, 6:4, 7:5.
Надал на тој начин падна 1.955 поени на АТП, а се очекува пад и на АТП ранг-листата.
Поготвено од М.Н.