24.01.2023 Скопје
Во изминатите пет години сериозно се вложува во унапредување на образованието, како во човечкиот капитал, така и во подобри услови за одржување на наставниот процес. За 2023 година за капитални инвестиции во образованието се предвидени 18,3 милиони евра, што е за 8,9 отсто повеќе средства во споредба со минатата година, соопштија од партијата на СДСМ.
Оваа година ќе започне изградба на објект за потребите на Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје, а ќе продолжи и изградбата на објектите на ФИНКИ и Факултетот за физичка култура во Скопје.
Целосно нов објект ќе се гради за кумановската гимназија „Сами Фрашери“ и целосно ќе се реконструираат сите девет државни студентски домови.
Покрај вложувањата во објекти и опрема, се инвестира и во човечкиот капитал. Платите на вработените во основното и средното образование од 2017 година досега се зголемени за вкупно 36 отсто се наведува во соопштението од партијата.
Подготвено од М.Н.