zhan mitrev

10.01.2023 Скопје

Основното јавно обивинителство Скопје поднесе обвинение против доктор Жан Митрев, како физичко лице, и против неговата истоимена клиника, како правно лице.

Според обвинителниот акт, се работи за кривично дело „Измама”, за што е предвидена казна затвор од 1 до 10 години.

Информацијата беше споделена на денешниот брифинг во Обвинителството со новинарите.

Жан Митрев истакна дека ако треба сто години ќе се докажува на суд и „сè што правам е од срце за овој народ“, потенцирајќи дека е невин, дека никого не измамил и дека пациентите свесно по своја волја поднесувале депозити. За сите ненаправени услуги, како што истакна Жан Митрев, средствата биле враќани на нивна сметка.

ИРЛ минатата година објави сторија во која обелодени дека приватната болница „Жан Митрев” им наплаќала на пациенти високи суми на пари за хемофилитрација при лечење од Ковид-19, а таа метода не била пријавена пред Агенцијата за леков – МАЛМЕД.

Сопственикот на приватната болница негираше дека ги измамил пацинетите и дека нема да прифаќа никакви спогодби со Обвинителството.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author