https://twitter.com/vonderleyen/status/1544586761120190467/photo/1

17.01.2023 Скопје

Претседателката на Европската комисија, Урсула Фон дер Лајен, изјави дека Европска комисија денеска ја уплатила првата рата од три милијарди евра од пакетот макрофинансиска помош од 18 милијарди евра за Украина.

Фон дер Лајен истакна дека тоа е прва транша од предвидените 18 милијарди евра помош за Украина за 2023 година.

„Оваа помош ќе ја зајакне финансиската стабилност на Украина, помош за исплата на плати и пензии и да обезбеди работа на болниците, училиштата и станбени услуги“, истакна Фон дер Лајен во говорот на Светскиот економски форум во Давос.

Претседателката на Европската комисија додаде дека Европската унија ги воведе „најсилните санкции досега, поради што руската економија се соочува со голема регресија, а нејзината индустрија нема никаква модерна и критична технологија”.

Предвидено е идните исплати на Украина да изнесуваат 1,5 милијарди евра месечно, почнувајќи од март, и ќе бидат условени со задоволителен напредок кон спроведувањето на договорените реформски услови.

Подготвено од М.Н.

About Author