https://www.facebook.com/photo.php?fbid=526762452139227&set=pb.100044164309677.-2207520000.&type=3

25.01.2023 Скопје

Во организација на Хрватската влада и Хрватската народна банка (ХНБ), во Националната и универзитетска библиотека (НСК) се одржа конференцијата „Хрватска – 20-та членка на еврозоната“, која беше отворена со воведни говори на хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ и Комесарот за трговија при Европската комисија, Валдис Домбровскис.

Пленковиќ во своето обраќање истакна дека Хрватска е единствената земја во историјата на Европската Унија која во ист ден влезе во Шенген зоната и во еврозоната, и додаде дека Хрватска е меѓу 15-те земји кои се членки на Европската Унија, НАТО алијансата, Шенген зоната и еврозоната.

„Дојдовме до позиција каде што остваруваме 80 проценти од нашата размена со членките на Шенген зоната, додека дури 3/4 од нашите туристи се од таа област. Убеден сум дека дури по крајот на оваа година ќе видиме колку добро сме направиле за хрватската економија и хрватските граѓани со остварувањето на овие две цели“, потенцираше Пленковиќ.

Домбровскис истакна дека интеграцијата на Хрватска во еврозоната стана важен фактор за донесување политички и финансиски одлуки на европско ниво, и оцени дека еврото ќе помогне за конкурентноста на хрватската економија, ќе придонесе за развој на туризмот и ќе привлече голем број на инвеститори.

Подготвено од М.Н.

About Author