https://www.facebook.com/photo.php?fbid=475924680567937&set=pb.100044512263241.-2207520000.&type=3

02.01.2023 Скопје

Феноменалниот Пол Џорџ не беше доволен за Лос Анџелес Клиперс да избегне пораз на гостувањето кај Индијана Пејсерс (131-130).

Во првиот натпревар од новогодишната програма, Џорџ постигна 45 поени, а запиша и девет скока и четири асистенции. Индијана постојано беше во водство, но Клиперси поведоа во последната четвртина и го претворија натпреварот во драма.

Тарнер донесе +3 на Пејсерси од слободни фрлања на 13 секунди до крајот, но Каваи Ленард ја промаши тројката за продолжение. Кај Клиперси се истакна Ленард со 24 поени, седум асистенции и пет скока, додека Ивица Зубац имаше солиден меч со шест поени и седум скока на своето конто. Кај Пејсерси најдобар беше Тарнер со 34 поени, а Халибартон запиша 24 поени, 10 асистенции и седум скока.

Словенечката НБА суперѕвезда Лука Дончиќ ја продолжи низата од пет натпревари со преку 30 поени, за Далас Маверикс да стигнат до драматична победа од 126-125 против Сан Антонио спарс.

Дончиќ постигна 51 поен, а имаше и два скока и две слободни фрлања во последните 4.5 секунди. Тој е првиот кошаркар во НБА историјата со 250 поени, 50 скока и 10 асистенции во серија од пет натпревари.

Во останатите натпревари, Шарлот загуби од Бруклин со 106-123, Чикаго потклекна пред Кливленд со 102-103, Њујорк триумфално си замина од Хјустон (88:108), Минесота го загуби дуеот со Детроит со 104-116, а Оклахома беше надиграна од Филаделфија со 96-115.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *