granicen premin bogorodica

18.01.2023 Скопје

Против полицајката која била вработена на граничниот премин „Богородица“ е поденсена кривична пријава поради сомнеж за примање поткуп соопштија Министерството за внатрешни работи.

„Пријавената полициска службеничка на 21.12.2022 околу 12 часот побарала и примила поткуп за да не изврши службено дејствие кое била должна да го изврши, односно да не ги евидентира оштетените (грчка државјанка и нејзиниот сопатник) во системот на контрола на патници и возила дека оствариле излез од Република Северна Македонија кон Република Грција“.

Против лицето С.А. е поведена постапка за утврдување на дисциплинска одговорност, како и отстранување од работното место, се наведува во соопштението од МВР.

Подготвено од М.Н.

About Author