04.01.2023 Скопје
Најдобриот српски тенисер Новак Ѓоковиќ, доколку остане на убедувањето за вакцинација, нема да може да учествува на Мастерсите во Индијан Велс и Мајами, според новите мерки од Соединетите Американски Држави.
Оваа локалната администрација го продолжи до 10 април законот со кој се бара секој странец да се вакцинира доколку сака да влезе во земјата.
Со ова е јасно дека Новак нема да може да игра во Индијан Велс и Мајами, кои стартуваат на 8 и 22 март годинава.
Овој период Ѓоковиќ игра турнир во Аделаида, по што ќе се пресели во Мелбурн каде ќе се натпреварува на Австралија опен.
Подготвено од М.Н.