13.01.2023 Скопје
Глобалната продажба на компјутери во 2022 година падна за 16,2 во споредба со претходната година.
Според извештајот на истражувачката агенција Гартнер, продажбата на компјутери минатата година паднала за 16,2 отсто на 286,2 милиони единици во споредба со 2021 година.
Продажбата на компјутери изнесува 65,3 милиони единици во последниот квартал од минатата година, што е пад од 28,5 отсто во споредба со истиот период во 2021 година.
Падот на продажбата на компјутери во последниот квартал е најголем пад од 1990 година, откако се води официјална евиденција.
Според извештајот од агенцијата Гартнер, кинескиот Леново ја зазема водечката позиција со 68,9 милиони (24,1 отсто удел на пазарот), потоа следи Хјулит-Пакард со 55,5 милиони единици (19,4 отсто од пазарниот удел), Делл е трет со околу 50 милиони (17,5 отсто), а Епл со 27,9 милиони единици (9,8 отсто) е на четврто место.
Подготвено од М.Н.