25.01.2023 Скопје
Претседателот на Република Бугарија, Румен Радев, соопшти дека парламентарните избори ќе се одржат на 2 април.
Шефот на бугарската држава претходно го прифати вратениот неисполнет трет мандат од претставниците на „БСП за Бугарија“, по што експресно одржа средба со раководството на Централната изборна комисија (ЦИК).
Претседателот Радев на средбата со (ЦИК) истакна дека, организирањето на претстојните парламентарни избори мора да гарантира правичност и транспарентност на гласот и правата на граѓаните во државата.
Претседателката на ЦИК, Камелија Нејкова, пред пратениците во Народното собрание соопшти дека (ЦИК) е подготвена да ги организира изборите на 2 април.
Подготвено од М.Н.