06.01.2023 Скопје
Денеска, Министерството за животна средина и просторно планирање соопшти дека согласно Согласно податоците од Државниот миниторинг систем за квалитет на амбиенталниот воздух на ден 5.1.2023 година среднодневните концентрации на ПМ10 суспендираните честички се под дефинираниот праг на алармирање од 150 микрограми на кубен метар воздух и епизодата од два последователни дена е прекината во Битола и во Струмица и престануваат да важат препораките и мерките за надминат праг на алармирање.
Со ова во ниту еден град нема мерки, односно секаде има загадување со прав, но тоа е под прагот на алармирање.
Инаку, во Струмица и во Битола среднодневната концентрација на ситни честички за вчерашниот ден е минимално под дефинираниот праг за алармирање од 150 мцг/м3 и за Струмица изнесува 149,7 , а за Битола 145.
Краткотрајниот ветер ја прекина опасната и долготрајна епозида со прекумерно загадување во Струмица, која почна на 21 декември и траеше 16 дена. За сето време среднодневните концентрации на ситни честички беа над 150 микрограми на кубен метар воздух, а од 23 до 28 декември над 200.
Подготвено од А.Ѓ.