skutini-kumanovo

27.01.2023 Скопје

„Скутина, фута, бовча, диљка“ е насловена мултимедијалната изложба на етнокореологот Бојан Петковски која беше отворена вчера во фоајето на центарот за култура „Трајко Прокопиев“ во Куманово.

Според авторот, скутината е дел од традиционалната облека која е позната под различна локални имиња: фута, бовча, скутача и слично. На изложбата публиката преку фотографии и паноа на кои се прикажани примери за носење на скутини, може да го забележи едукативниот карактер на проектот и да ја осознае вредноста на скутините.

Проектот е поддржан од Министерството за култура.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author