18.01.2023 Скопје
Од Град Скопје информираат дека градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, ги смени в.д. директорите на Младинскиот културен центар, ЈП „Водовод и канализација“ и на Зоолошката градина, додека пак на директорката на ЈП „Комунална хигиена“ ѝ го продолжила мандатот.
Досегашниот директор на ЈП „Водовод и канализација“, Марјанчо Митовски, кој на позицијата беше назначен од редот на вработените, продолжува со ангажман како секторски директор на претпријатието, додека пак за нов директор е назначен Драган Илиевски.
За нов директор на Зоолошката градина е назначен Зоран Попов, кој е економист по професија и доаѓа од редот на вработените.
Косана Мазнева и понатаму ќе продолжи да ја извршува функцијата директор на јавното претпријатие „Комунална хигиена“.
Засега од Градот Скопје нема информации за новиот директор на Младинскиот културен центар.
Подготвено од А.Ѓ.