https://www.flickr.com/photos/103535927@N06/26527907529/in/photolist-GqbsG2-aZ6byi-cXLDCA-Z1ZbYi-fgdMi5-7fhxex-2aDTz9a-8nWNdV-iBo9nr-iBo95n-ZaNwCs-iBohVC-oPm11A-oMgkQm-nuhVfn-iBoPUF-XSFeDf-9UATkA-iBoPe2-5SuZMW-yV5hkV-7WaG8J-ac336f-EW5vp-pxBka2-iBohkE-iBohau-iBoPTG-54sCFB-kLKDPQ-Ufc6i7-25BsHqx-ZYXCbF-2CrPon-puAnLM-NsKfdC-5J5Cdb-avTZFM-xTNDCW-bVSY5N-f79j7t-iBo8LM-28Gsd15-7eBXnp-FxSAXn-6p8f4g-5mYJux-79k5XP-2cLrAPA-a66Vv1

23.01.2023 Скопје

Техничкиот министер за одбрана на Бугарија, Димитар Стојанов, за локалните медиуми изјави дека не е тајна дека Бугарија извезувала оружје во Украина преку други земји, но се запрашува зошто овие информации ги добиваат од странски медиуми, а не од поранешниот премиер.

Во некои странски медиуми е објавено дека Бугарија извезувала муниција и техничко гориво за Украина уште во првите месеци од почетокот на војната.

Стојанов во однос со извезената муницијата даде пример и дека во 2021 година во Романија и Полска се извезувало муниција во опсег од околу 30 милиони, а во 2022 година за 2,6 милијарди.

„Според мене, словото на законот е испочитувано бидејќи се работи за комерцијални трансакции. Духот на законот може да биде доведен во прашање“, додаде техничкиот министер за одбрана на Бугарија.

„Вицепремиерката Корнелија Нинова, која беше одговорна за ова, неколкупати изјави дека Бугарија нема извезено ниту еден шаржер во Украина, директно немаме извезено, но индиректно да, од секаде информациите се такви“, додаде Стојанов.

Подготвено од М.Н.

About Author