https://www.facebook.com/Christine.Lambrecht.188/photos/5526406180804880?locale=de_DE

14.01.2023 Скопје

Министерката за одбрана на Германија, Кристине Ламбрехт, е подготвена на оставка но датум на нејзиното повлекување се уште не е точно прецизиран.

Портпарол на Министерството за одбрана во врска со ваквите информации реагираше со изјава дека станува збор за шпекулации кои не сакаат да ги коментираат.

Причина за оставката, според тамошните медиуми, било сознанието на Ламбрехт дека неопходен е нов почеток во Министерството за одбрана. Весникот пишува дека во владини и СПД-кругови веќе се воделе разговори за нејзин можен наследник.

Ламбрехт е мета на критики подолго време, а притисокот се зголеми по новогодишното видео на министерката, во кое таа прави биланс на 2022 година и зборува за војната, додека во позадина експлодираат пиротехнички материјали.

Политичари од опозицијата ја ставија под знак прашалник нејзината соодветност за функцијата и бараат нејзина оставка.

Подготвено од М.Н.

About Author