16.01.2023 Скопје
Германската министерка за одбрана Кристин Ламбрехт му го врати мандатот на германскиот канцелар Олаф Шолц.
Овој потег на Ламбрехт уследи откако германските медиуми објавија дека шефицата на одбраната има намера да се повлече по критикуваната новогодишна порака што ја објави на социјалните мрежи, односно Ламбрехт во својата порака ја спомна војната во Украина со звуци на огномет во позадина.
По овој настан, канцеларот Шолц истакна дека се уште има доверба во својата министерка, но таа сепак донела одлука да се повлече од својата функција.
Речиси од почетокот на војната во Украина, Германија беше остро критикувана за нејзиниот однос, кој беше оценет како воздржан. Лидерите на оваа земја постојано одбиваат да испратат оружје во Украина, пред се моќни тенкови „Леопард“, што наиде на осуда од дел од меѓународната заедница.
Подготвено од М.Н.