18.01.2023 Скопје
Министерката за надворешни работи на Словенија, Тања Фајон, изјави дека Европската унија очекува Србија и Косово да постигнат компромис во дијалогот до април годинава, за кога се закажани локални избори во општините на северот на Косово.
Фајон посочи дека добила гаранции од приштинските политичари дека се подготвени што поскоро да започнат разговори врз основа на француско-германскиот предлог.
Фајон додаде дека од двете страни се бара и да ги спроведат договорите од претходниот дијалог, вклучително и оној за формирање на Заедниците на српските општини.
„Дијалогот мора да продолжи и мора да се исполнат сите договори, вклучително и формирањето на ЗСО. Тоа е многу важно во наредните месеци. Затоа ги повторив ставовите дека властите на Косово и секако Србија мора да направат се за да се нормализира ситуацијата и да се спречи понатамошна ескалација“, изјави Фајон.
Подготвено од М.Н.