beslimovski

11.01.2023 Скопје

Минатата година се издадени лиценци за 267 централи за производство на електрична енергија од обновливи извори, а тоа е капацитет за снабдување на 65.700 домаќинства, информираше претседателот на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ), Марко Беслимоски.

Беслимовски истакна дека и покрај тоа што резервите на јаглен се намалуваат, со енергетската транзиција на овој начин постепено ќе се заменуваат постојните капацитети, но потсети и дека електричната енергија од обновливи извори на енергија може да предизвика проблеми.

Имено, таа не е постојана и во одредени периоди може да се случи да ја има премногу и да не се знае што да се прави со неа, а во други да ја нема. Затоа, годинава ќе се работи на подзаконска регулатива со која поставувањето на батерии ќе биде задолжително за сите што ќе градат фотоволтаични централи, па така и тие ќе придонесат за балансирањето на електричната енергија.

Батериите за складирање на струјата од сонце се уште имаат релативно висока цена, и тоа може да ја зголеми инвестицијата од 20 до 30 проценти, но Беслимовски додаде дека добра вест е тоа што Европската комисија дава серозни субвенции за батерии и веројатно е дека ќе има има пари и за нашата држава.

Подготвено од М.Н.

About Author