https://www.facebook.com/photo?fbid=777357130422546&set=pcb.777357190422540

05.01.2023 Скопје

Фудбалерот на Пари Сен-Жермен, Лионел Меси се врати во клубот по освојувањето на Светското првенство во 2022 година во Катар, соопшти прес-службата на парижаните.

„Голема благодарност до моите колеги и сите луѓе од клубот за пречекот што ми го приредија. Веќе сме назад и со нетрпение очекуваме да продолжиме да ги исполнуваме целите за оваа сезона“, изјави Леонел Меси.

На 18 декември 2022 година, Меси со репрезентацијата на Аргентина ја победи Франција (3:3, на пенали 4:2) во финалето на Светското првенство и го освои светскиот шампионат за прв пат во својата кариера.

Меси пропушти два натпревари на ПСЖ по Светското првенство во 2022 година, против Стразбур (2:1) и Ленс (1:3) во францускиот шампионат, а следниот натпревар Парижаните ќе го одиграат на 6 јануари против Шатору во Купот на Франција.

Подготвено од М.Н.

About Author