https://www.facebook.com/bostonceltics/photos/10160627068602667

06.01.2023 Скопје

Првиот тим на Истокот, Бостон на гости славеше против Далас со резултат од 124:95 и ја прекина низата од два порази, но и победничката низа на Маверикси од седум победи во НБА лигата.

Џејсон Тејтум имаше 29 поени, 14 скока и 10 асистенции за својот втор трипл-дабл во кариерата, додека Џејлен Браун додаде 19 поени.

Во тимот на Далас повторно најефикасен беше Лука Дончиќ кој постигна 23 поени, но словенечкиот претставник ги промаши сите шест шута за три поени.

Кошаркарите на Јута на гостински терен го победија Хјустон со 131:114, предводени од Лаури Марканен кој постигна 49 поени, што е негов рекорд во кариерата.

Најдобро го следеа Малик Бизли и Џордан Кларксон со по 19 поени, додека кај Хјустон најдобри беа Џејлен Грин со 30 и Кевин Портер со 23 поени.

Подготвено од М.Н.

About Author

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *