26.01.2023 Скопје
„И покрај големите најави за либерализација на веќе либерализираниот пазар со природен гас, изминатиов период сме сведоци на фаворизирање на една компанија при набавката на гас, и од таа причина „Макпетрол“ одлучи да не учествува на овие јавни повици“, соопштија од дирекцијата на компанијата.
Пресметките за јануарската набавка објавена од „ЕСМ продажба“ покажуваат дека севкупната понуда на „Макпетрол“ во моментот на поднесување била пониска од таа на компанијата што беше избрана за победник на тендерот.
„Дополнително, „ЕСМ продажба“ со јавноста сподели информација дека има доставено покани за повикот за февруари до сите компании во Република Северна Македонија што можат да испорачаат гас, но таква покана не е пристигната до „Макпетрол“, додадено е во соопштението.
„Како резултат на тоа, „Макпетрол“ одбива да биде набљудувач и покритие во тендери што очигледно фаворизираат еден учесник,а за редовните потрошувачи на „Макпетрол“, снабдувањето ќе продолжи непречено како и досега“, соопштија од дирекцијата на „Макпетрол“.
Подготвено од М.Н.