kinotekaa

12.01.2023 Скопје

Кинотечната програма за крајот на јануари за филмофилите нуди два македонски играни филма од најновата продукција, како и еден српски наслов со малцинско македонско продукциско учество. Исто така, во редовна соработка со Францускиот институт од Скопје, во јануари ќе биде прикажан и филм на еден од највлијателните, кој светски кинематографери Жан-Лук Годар.

Од Кинотеката информираат дека станува збор за: дебитантскиот долгометражен игран филм „Снежана на крајот умира“ по сценарио и во режија на Кристијан Ристески, играниот филм на Теона Стругар Митевска, „Најсреќниот човек на светот“, чиј косценарист е Елма Татарагиќ, и кој беше и македонски кандидат за наградата „Оскар“ во категоријата најдобар странски филм, потоа новиот филм на сценаристот и режисер Срѓан Драгојевиќ „Од рајот“, како и филмот „Презир“ на Жан-Лук Годар снимен 1963 година, по сценарио на Алберто Моравија и Годар.

Филмовите се на програмата на Кинотеката од 23 до 31 јануари, а билетите чинат 100 денари.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author