18.01.2023 Скопје
Македонската ракометна репрезентација го доживеа и третиот катастрофален пораз на Светското првенство во Полска и Шведска, губејќи од мотивираната Аргентина со 35:26 (18:11).
Иако беше познато дека селекторот Кирил Лазаров патува на ракометниот Мундијал со подмладен и неискусен тим, репрезентативците дефинтивно потфрлија не само во играта, туку и во мотивацијата кој ја покажаа во националниот дрес.
Со сигурен пласман на следното ЕП, се поствува и прашањето дали со ваква игра можеме да се надеваме на следен настап на СП.
Против Аргентина очекувањата беа дека ќе можеме да заборавиме на лошите порази од Норвешка и Холандија, реално далеку посилни репрезентации од нашата и дека со малку борбеност може да стигнеме до победата која ни беше неопходна за пласман.
Меѓутоа, по првичното 1:0 водство, набргу стана јасно дека налетавме на сериозна и искусна репрезентација, која знае што сака на теренот и веќе во првите 30 минути во кои Аргентина имаше седум гола предност, беше јасно дека можеме да се надеваме само на чесен пораз.
Сега останува само уште настапот во таканаречениот Президентс куп, во мечевите за пласман со нискорангираните репрезнтации, нашите репрезентативци да осигураат дека нема да си одат дома со сите порази.
Подготвено од М.Н.