https://www.facebook.com/rfmofficial/photos/5429565350480924

23.01.2023 Скопје

Ракометната репрезентација на Македонија денеска ќе го одигра претпоследниот натпревар на Светското првенство.

За првпат во историјата нашата репрезентација ќе се сретне со селекцијата на Мароко, и тоа ќе биде меч кој ќе одлучи дали нашата репрезентација ќе се бори за 27 или 29 место на светското првенство.

Доколку го победиме Мароко, во среда против Јужна Кореја ќе играме меч за 27 место, доколку денеска го загубиме натпреварот против Мароканците, следниот дуел ќе ни биде со Саудиска Арабија за избегнување на 30 позиција.

Македонската ракометна репрезентација на Мундијалот отпатува со многу поголеми амбиции, а сега се  прават математики на која позиција ќе завршиме од 27 до 30 место.

Натпреварот меѓу Македонија и Мароко се игра денеска (понеделник) со почеток од 18 часот.

Подготвено од М.Н.

About Author

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *