06.01.2023 Скопје
Македонската ракометна репрезентација ги продолжува подготовките за настапот на Светското првенство кое ќе се одржи од 11 до 29 јануари 2023 година.
Селекторот Кирил Лазаров ги избра играчите кои денеска од 20.15 часот ќе го играат првиот натпревар на „Кроација куп“ во Пореч против домаќинот Хрватска.
Нашата селекција во сабота на 7 јануари ќе одигра уште еден меч на турнирот против Израел во 20.15 часот, а според најавите на последните контролни мечеви ќе недостасуваат тројца ракометари кои останале во Скопје.
На овој Мундијал Македонската ракометна репрезентација е во група со репрезентациите на Норвешка, Холандија и Аргентина.
Подготвено од М.Н.