https://www.freepik.com/free-photo/quiting-nicotine-tobacco-addiction-abstract-concept-copy-s_1162719.htm#query=NICOTINE&position=4&from_view=search&track=sph

20.01.2023 Скопје

Меѓу првите 10 земји во светот врз основа на преваленца на пушење и вкупниот број испушени цигари дневно по пушач е Република Северна Македонија.

Податоците на Аналитика покажуваат дека преваленцата на пушење во земјата изнесува 48,4%.

Во споредба со европските земји, преваленцата на пушење е далеку пониска, ЕУ просекот е 29%. Во Шведска изнесува 8,7%, во Грција и Бугарија е 27%.

Аналитика заедно со Универзитетот Илиноис од Чикаго во 2020 годинa спроведе големо регионално истражување за употребата на тутун во земјата и регионот. Ова е една од првите студии во Република Северна Македонија што дава сеопфатни информации за употребата на тутунот, односно цигарите.

Анализите покажуваат дека речиси половина од возрасните луѓе во Република Северна Македонија (48,4 проценти) во моментов користат тутун. Преваленцата на пушење е 57,9 проценти кај мажите и 39,0 проценти кај жените.

Тамара Мијовиќ Спасова од Аналитика објаснува дека преваленцата на пушење се зголемува со возраста на пушачи, достигнувајќи го својот врв на 45-54 години, 60,1 процент за пушачи на дневна основа. Воедно, додаде дека нашата држава е лидер во регионот по потрошувачка на цигари по најниска цена и многу малку се прави за надминување на проблемот со пушењето, без разлика дали станува збор за законски решенија, покачување на акцизите или за кампањи за подигнување на јавната свест.

Податоците покажуваат дека просечната цена на кутија цигари во Република Северна Македонија е 1,7 евра, во регионот на ЈИЕ е околу 2,1 евро, додека европското ниво е 4,9 евра, што го потврдува фактот дека сме држава со најниски цени на цигари во регионот.

Оданочувањето на тутунот е една од најефикасните алатки за намалување на потрошувачката на тутун (зголемената акциза резултира во намалување на конзумирањето тутун во сите земји од ЈИЕ) и ќе резултира во силно зголемување на јавните приходи во Буџетот.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author