06.01.2023 Скопје
Руската групација Лукоил, наводно, сака да ги продаде своите средства во Романија и Молдавија, објави Зијарул Финансиар на крајот на декември.
Холандско-британската групација Шел, наводно, е меѓу потенцијалните понудувачи за дистрибутивните мрежи. Но, голем дел од средствата се состои во рафинеријата Петротел управувана од Лукоил во Плоешти, 60 километри северно од Букурешт.
Според Mold-Street.com, казахстанската групација KazMunayGas, која управува со најголемата романска рафинерија Petromidia (блиску до Констанца, на брегот на Црното Море), е меѓу потенцијалните понудувачи за средствата на Лукоил.
Подготвено од А.Ѓ.