02.01.2023 Скопје
Напаѓачот на Интер, Ромелу Лукаку, јасно стави до знаење дека нема намера да се врати во Челзи следното лето.
Беглијанецот е во Милано на позајмица до крајот на сезоната, а Интер веќе ги направи првите чекори за да го задржи искусниот фудбалер во своите редови.
„Сакам да имам долга кариера во Интер. Не сакам да одам никаде. Мојот син стана член на академијата на клубот. По завршувањето на сезоната ќе разговараме со Челзи и ќе се обидеме да постигнеме компромис“, изјави Лукаку.
Клубот од Лондон е подготвен да му ја исполни желбата на Белгиецот, но за уште една година од позајмицата бараат 8 милиони евра, плус уште 3 милиони бонуси. Истовремено, Интер мора да преземе 8,5 од 12-те милиони евра од годишната плата на играчот. Лукаку има договор со „сините“ до крајот на сезоната 2025/26.
Подготвено од А.Ѓ.