https://www.flickr.com/photos/palaciodoplanalto/51885591796/in/photolist-2n3XdLU-2n3Si97-2n3XENf-2n3Xd8z-2n3Xfwx-2n3XgTA-2n3XieB-2n3Sk9K-2n41CRA-2n3XGQb-VHFyFf-Voftk7-VHFxQs-2nL5XGD-VLZCzH-5CXk6m-VHFxZW-VHFygC-UJUkQ2-Vofhjj-VofhNq-VofhCq-2iAuHfs-VofizL-2nMAPbJ-24qfKhK-2htQaEV-2htSV97-2htTR4N-2htHv9P-2htHv4y-2htTReT-2htJtqz-2htHuV7-2htHvq5-2htHvhK-2htLeD7-2htLeLr-2htFJyi-2htHo8E-2htM26R-Qvd5rz-UJUmY4-VofiPJ-2izXutZ-UXwf7z-2htKYEa-2htK5cP-VANvz1-2htK5g6

23.01.2023 Скопје

Претседателот на руската Државна дума, Вјачеслав Володин, изјави дека испораките на офанзивно оружје за Украина ќе доведат до „глобална катастрофа“, потенцирајќи дека Вашингтон и Брисел го водат светот во страшна војна.

На социјалната мрежа Телеграм, Володин напиша „ако Вашингтон и земјите од НАТО испорачаат оружје што ќе се користи за напади врз цивилни градови и ќе се обидат да ги заземат нашите територии, како што се закануваат, тоа ќе доведе до одмазднички мерки со користење на помоќно оружје“. Исто така, напиша и дека членовите на американскиот Конгрес, германскиот Бундестаг, Националното собрание на Франција и другите европски парламенти „мора да ја сфатат својата одговорност кон човештвото“.

Володин истакна дека со своите одлуки Вашингтон и Брисел го водат светот кон страшна војна, „кон сосема поинаква воена акција од денес, кога се изведуваат удари исклучиво врз воената и критичната инфраструктура што ја користи Киев“. Воедно, додаде дека со оглед на технолошката супериорност на руското оружје, странските политичари кои донесуваат такви одлуки треба да разберат дека тоа може да заврши со глобална трагедија која ќе ги уништи нивните земји.

Во петокот, одбранбените лидери од западните земји присуствуваа на состанокот во воздухопловната база Рамштајн во Германија, каде што ветија дополнителна воена поддршка за Украина, но не успеаја да ги испеглаат поделбите за испраќање борбени тенкови.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски на средбата ги повика одбранбените лидери кои присуствуваа на состанокот да го забрзаат снабдувањето со оружје за Украина.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author