https://www.facebook.com/photo.php?fbid=177992904846304&set=pb.100079067865319.-2207520000.&type=3

30.01.2023 Скопје

Лидерот на Движењето „Европа сега“ Милојко Спајиќ ќе биде кандидат на претседателските избори во Црна Гора, објави движењето и ги повика сите партии кои ја споделуваат нивната визија за земјата да ја поддржат кандидатурата на Спајиќ.

Претседателството на Движењето „Европа сега“ едногласно одлучи на претстојните претседателски избори да се кандидира за Спајиќ, се вели во соопштението од партијата.

Одлуката на Претседателството ќе биде испратена до Главниот комитет на верификација.

„Ги покануваме сите граѓански и малцински партии кои ја споделуваат нашата визија за Црна Гора да го поддржат Спајиќ и да бидат дел од големата победа на претстојните избори и со тоа да придонесат за обединување на вистински европски и демократски сили“, велат од партијата Движењето „Европа сега“.

Подготвено од М.Н.

About Author